Кирил Џајковски - Писмо
До Kемал Aтатурк
некаде и некогаш
поминаа толку години
а jaс уште чакам абера од тебе
ако некогаш го добиеш писмово сети се
види ги солзиве на хартиjата
годините си върват, овдека се зборува за тебе
нешто се случува
ако ги читаш овие редови додека любиш
некоjа друга жена
искини го писмово и прашаj jа неа
дали верува дека некоjа си Елени Каринте
од Битола го поарчила цел живот за еден човек
со кого била само еден ден
Ако jа любиш неа како и што jас те любам тебе
не и кажуваj ништо, нека биде срекна
ако си и ти
ако пак уште jа памтиш девоjката од балконoт
и не любиш друга знаj дека те чекам
ке те чакам секоj ден
цел живот
знам дека ке се вратиш
не се заборава
татко ми умре, има веке цела година
оноj ден кога ме грабна од дома, кога ме
заклучи в соба не ме пушти цел месец
не плачев, знаев дека ке се Џабе сите
катанци и затвори
човекот со кого што тој сакаше да се земам
го видов само еднаш, ме праша дали
некогаш ке можам да го любам
му реков не - си го любам првото либе
повеке не го видов
татко ми никогаш не ми прозбори
ни јас нему
неколку дена пред да умре ме викна крај себе рече:
"Знам дека згрешив, Елени, знам дека
никогаш не бев добар татко, не барам да ми
простиш, не барај ни ти, бог нека прости
на двајцата
сакав да ти направ најдобро, а ти направив
најлошо"
татко ми не беше лош човек
не сум веке млада и убава како тогаш
цел живот во еден ден
вечно те сака и секогаш ке те чека
вечно твоја
Елени Каринте